Коалиција за промени и правда: Благодарение на Дпмнеовскиот надвојвода Артан Груби имавме можност да го видиме вистинското лице на лажниот патриот Груевски

0
1184

„Во синоќешната емисија на ТОП ТЕМА уште еднаш благодарение на Дпмнеовскиот надвојвода Артан Груби имавме можност да го видиме вистинското лице на лажниот патриот Груевски.

Синоќа овој кандидат за пратеник го соголе до гола кожа својот владин коалиционен бизнис партнер Груевски. Јавно пред целата македонска јавност потврди дека договорот помеѓу Ахмети и Груевски за пензии на борците на УЧК одамна е реализиран. Обајцата (заради мир во ,,куќа”) нашле соломонско решение. Наместо пензии, фиктивно ги вработиле поголем дел од овие лица во државната администрација. Истите се водат како вработени, не одат на работа, а примаат редовна плата која е поголема од пензиите во Р. Македонија.

Тоа е вистинското лице на лажниот патриот Груевски. Без око да му трепне (само заради спас на сопствената функција) го кршел Уставот на РМ, го нарушил правото на работа и слободата на работа на секој граѓанин, загарантирано со Уставот како и начелото на правична застапеност и стручност која е еден од условите од Рамковниот договор. Неправдата кон оние кои секојдневно одат на работа, како и кон редовните пензионери одамна е направена токму од Груевски и Ахмети. За ова кривично се одговара, а не бесрамно и дрско да се бара поддршка на изборите и тоа токму од оние кои се омаловажени и осиромашени на сметка на други.

Истиот тој надвојвода Груби, во занесот од стравот дека неговата партија ќе ги изгуби изборите се дрзна да игра перфидно на картата на национализам споменувајќи дека во иднина општината Бутел ќе ја менаџираа Албанец. Јас кој 54 години живеам во оваа населба сакам да го потсетам на етничкиот состав на оваа општина во која живеат 62,5 % Македонци, 25% Албанци, Турци = 3,61%, Срби = 2,86%, Бошњаци = 2,68%, Роми = 1,55%, Власи = 0,33% други = 1,53%. Бројките доволно кажуваат во однос на можноста од идно управување со општината.

Во име на Коалицијата за Промени и Правда сакам да му порачам на надвојводата Груби. За разлика од досега, во иднина општината Бутел ќе ја менаџираат квалитетни градоначалници чија етничка припадност нема воопшто да е битна. Општината Бутел во иднина ќе ја менаџира човек кој ќе го гарантира мултиетничкиот соживот граѓаните, кој ќе овозможи меѓусебна почит и почитување на Уставот и законите на оваа држава. Оваа општина нема и понатаму да биде слепо црево на Градот Скопје, а најмалку мета за поткусурување на интересите на коалиционите партнери и средство за подигнување на нивниот рејтинг преку инсценирани меѓуетнички судири.

Подземната лабораторија на режимот за создавање на хаос, манипулација и корумпирање со народни пари продолжува и понатаму со полна пареа. Молчи техничкиот премиер, молчи ОЈО и Народниот правобранител.
За што се работи?

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (овие денови во предизборниот период) наеднаш се секава дека треба кон крајот на месец ноември 2016 година да одржува отворени денови на кои ќе ги информираат земјоделците и бизнис заедницата за:
• поволностите кои ги нудат Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој,
• земјоделците да дадат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето како и да побараат стручна помош.

Информациите од терен велат дека овие средби се класична злоупотреба на службената положба од страна на претставниците на Агенцијата и истите се користат за агитирање и уцена на гласачите за партијата на власт. ,,Ако гласате за ДПМНЕ барањата за субвенции ви се валидни и ќе се реализираат, во спротивно ќе си имате проблем односно ќе ви бидете одбиени” – се најчестите пораки односно уцени и закани на претставниците на Агенцијата. Тоа вчера се случило во општина Делчево, а денес претпоставуваме дека истата шема ќе биде злоупотребена и во општина Берово.

Го повикуваме Народниот правобранител да ги заштити овие категории на граѓани од злоупотребата и уцените од страна на државните службеници, а ОЈО под итно да поведе истрага за повреда на член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.

ДПМНЕ и СДСМ тврдеа дека Избирачкиот список е прочистен. Нашите загрижени сограѓани на своите Фб страници објавуваат:
• Во село Љубојно има околу осумдесет (80) жители и двесте дваесет и два (222) гласачи. Богами невидена алхемија и никој не реагира на тоа. Браво за сите изборни комисии.
• Во село Брајчино има 150 (сто и педесет) гласачи, најмалку два и пол пати повеќе од жители. Само во една куќа се запишани 10 (десет) странци.

Го повикуваме ДИК јавно да се изјасни за што се работи?

Пак ли ќе имаме оние граѓани од Пустец кои не ќе знаат каде треба да гласаат“,  праша Јове Кекеновски.