КОАЛИЦИЈАТА НА ГРУЈЧЕ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОТШТРАФУВА ДЕЛ ПО ДЕЛ, ШЕВ ПО ШЕВ СЕ ДО ТОТАЛЕН РАСПАД И СКАПУВАЊЕ ВО РАСИПАНА РАСОЛНИЦА

0
3007

Преку јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ како носител на коалицијата „За подобра Македонија“ партијата ТМРО побара итна лидерска средба. Оваа партија смета дека тоа е неопходно бидејќи по губењето на власта, нема никаква меѓусебна координација, комуникација, сериозен пристап и оценка на изборниот процес.

„ТМРО бара да се даде оценка за кадровските пратенички решенија кои беа катастрофални, за погрешно водената преговарачка политика при коалирањето за состав на влада, срамниот испад со 27 април, претстојните евентуални локални избори во октомври, но пред сѐ за потребата за отворено дистанцирање од просрпските и проруските коалициски партии, отпадоци од СДСМ, кои нанесоа штета во меѓународната позиција на до неодамна владејачката коалиција „За подобра Македонија“, бара Ванчо Шехтански, претседателот на ТМРО.