Коалицијата го поддржа Заев

0
1187

Целосна поддршка за претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чекорите за враќање на слободата и демократијата во Македонија денеска изразија коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз и претседателите на партиите што и се придружија на опозициската коалиција, соопшти СДСМ.

Zaev-so-koaliciski-partneri-2-685x320

Никола Груевски го прекрши договорот од 2 јуни, преговорите се неуспешни, потврдено е едногласно на денешната попладневна средба, што се одржа во седиштето на СДСМ.

На состанокот се разгледуваа натамошните чекори на СДСМ и опозицијата во насока на интезивирање на сите можни форми и механизми за враќање на демократијата во Македонија.

Партиите се подготвени да ги насочат своите активности на терен, според координираните насоки што ќе ги утврдат нивните партиските органи.

СДСМ и опозицијата ќе го продолжат проектот Вистината за Македонија.

СДСМ и опозицијата ги почитуваат заложбите на меѓународната заедница за решавањето на длабоката политичка криза во Македонија.

На средбата е констатирано дека „сите аргументи за распиничката власт на Груевски се потврдени во најновите извештаи на експертската комисија на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе, во извештајот на Стејт Департментот, во извештајот на Меѓународната кризна група, поради што Никола Груевски нема никаков легитимитет да организира избори“.

Такви избори, на коишто нема да биде обезбедена слободната волја на граѓаните опозицијата нема да дозволи. СДСМ и опозицијата како што ветија, ќе ги обезбедат потребните корективи во општеството за нормализација на Република Македонија, било договорено на денешната средба, соопшти СДСМ.