Клубот на генерали: Иванов да ја смени одлуката за помилување

0
1346

Здружението Клуб на генерали ја искажува својата загриженост за последиците што можат да настанат од донесената одлука на претседателот на државата и врховен командант на АРМ, Ѓорѓе Иванов, за помилување на поголема група поранешни и сегашни функционери.

Од здружението го повикаа Иванов да ја повлече одлуката за помилување и на тој начин да придонесе за стабилизирање и за подобрување на севкупните состојби.

– Цениме дека со донесената одлука не е постигната целта за смирување на кризата во сите општествени сегменти која предолго трае. Напротив, во изминатите денови, донесувањето на одлуката предизвика влошување на состојбите кои за последици можат да имаат понатамошно влошување на безбедносната состојба- се вели во писмената реакција.