Драги пријатели,
Нека најубавите моменти од 2018 ви бидат првото скалило на среќата, здравјето, успехот, семејната хармонија и љубовта, на скалата која ќе ја качувате во 2019.
Годинава што изминува несомнено беше година на крупни чекори кои донесоа општествен спокој и ја обезбедија иднината на Македонија и нејзините граѓани.
Се разбира има уште многу што’ да се стори во годинава што доаѓа. И ќе се стори!
2019 ќе биде економска, развојна, со еден збор европска година на перспектива и благосостојба.
Со семејни фотографии ви ја честитам новата година и ви посакувам нејзин убав дочек.