Кирацовски за Талевски: Крадец си е крадец, независно дали во прашање се народни пари или туѓа слава

0
1379

Притворениот градоначалник на Битола, Талески во 2007 година украл и од славата на Кирацовски…

Во 2007 година на натпреварот за најдобар бизнис план, организиран од SPARK (NGO) – Холандија, за најдобар млад претприемач во пелагонискиот регион е избран, тогашниот студент од техничкиот факултет во Битола, Александар Кирацовски.

Наградата му беше врачена лично од тогашната холандска амбасадорка, Симон Филипини, кој го награди за претприемач на годината.
Она што е интересно при овој настан, што се гледа и на сликата е обидот на градоначалникот Владимир Талески да украде од славата на Кирацовски, несвесен дека токму овој млад претприемач ќе стане негов најголем критичар како и поборник за пад на режимот воспоставен од Никола Груевски.

По кратко време од овој наста Кирацовски е избран за претседател на младината на СДСМ во Битола, потоа бил потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија, а денес е потпретседател на најголемата опозициона партија во Македонија.

Граѓаните го запознаа и како борбен политичар во преодната влада постигната со Пржинскиот договор.

Го запрашавме Кирацовски за чинот на Талески да се слика и каде што не му е местото, а тој ни одговори:

“Крадец си е крадец, независно дали во прашање се народни пари или туѓа слава.”

Да потсетиме дека битолскиот градоначалник Талески овие денови е во куќен притвор поради предметот ТРАНСПОРТЕР, кој што го води Специјалното јавно обвинителство.

Извор : РеволуционерМк