КАТИЦА ЈАНЕВА СЕ ЗАЕБАВА СО НАС ПРЕКУ БОКИТВ : НЕ ЗНАЕВМЕ ДЕКА ГРУЕВСКИ ГИ ПРАЗНИ СМЕТКИТЕ, РЕЈТИНГОТ НИ Е ОДЛИЧЕН, НАРОД НИ ВЕРУВА!

0
1262

Запрашана за бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски, и дали имало пропусти во СЈО со тоа што навреме не била побарана мерка притвор, шефицата на СЈО, Катица Јанева, ги демантираше шпекулациите дека обвинителството било алармирано неколку дена претходно дека Груевски ги повлекол парите од своите сметки.

-Не бевме запознаени дека Груевски ги празни сметките, но 120.000 евра не е импозатна бројка за да упати на тоа дека некој планира бегство – рече Јанева.

На тоа се надоврза обвинителката Лиле Стефанова која рече дека грешката не е во СЈО.

-Сметките на Груевски беа наш предлог кога го поднесовме обвинението за „Титаник“. Посочивме дека обвинетиот поседува сметки и дека може истите да ги испразни и да се вдаде во бегство. Добивме одговор од Кривичниот суд, а подоцна и со жалбата од Апелациониот суд, дека тие парични средства не можат да бидат третирани како опасност од бегство – рече Стефанова.

Јанева вели дека не згрешила со изборот на обвинители./

„Кога ние молчиме, значи ние работиме“, изјави Јанева, прозвaна за критиките и за фактот дека довербата во нив паѓа.

За паднатиот рејтинг, вели дека е тоа моментална состојба.

Тврди дека каде и да се појави луѓето изразуваат поддршка за СЈО.