Катица Јанева не е избор на „странците“ туку на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ!

0
1371

katica-janeva5-540x362

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева е избрана по предлог на двете најголеми партии, велат за НОВА извори во Европската комисија, реагирајќи на шпекулациите дека нејзиниот избор е направен од страна на меѓународните фактори инволвирани во процесот.

ЕК, како што вели изворот на НОВА, е подготвена да пружи техничка помош за работата на Специјалниот обвинител.

„Наша цел е да го олесниме процесот во кои одлуките ќе бидат донесувани со консензус а не да наметнуваме наши решенија”, вели изворот на НОВА во ЕК.

Името на Катица Јанева се нашло на списоците со предлози кои ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги доставиле независно едни од други до медијаторот Ванхоуте. ЕК смета дека најважно е Специјалниот обвинител да биде независен од било кој субјект вклучително и меѓународните фактори.

Целиот текст е тука.