КАТИЦА МУ ВЛЕЗЕ ВО КЛИНЧ НА РЕЖИМОТ : Битолскиот градоначалник Талевски на распит во СЈО!

0
1580

Градоначалникот на Битола Владимир Талевски, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, се наоѓа на распит во Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Против Талевски беше запрена постапката, бидејќи беше помилуван од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, но откако Иванов ја повлече својата одлука, Специјалното јавно обвинителство може да продолжи да постапува по предметот. Од СЈО не ја потврдуваат информацијата за распитот на Талевски и велат дека ќе излезат со соопштение во текот на денот. Од Општина Битола велат дека не знаат дали градоначалникот денеска е на работа.

Во случајот „Транспортер“ покрај градоначалникот Владимир Талевски, СЈО осомничи уште 22 луѓе, меѓу кои негови соработници од општината, директори на битолски училишта и директори на транспортни фирми од Битола. Осомничени се за местење тендери за превоз на ученици во Битола, со што ја оштетиле градската каса за 360.000 евра.