Камчев ја потврдува сопственоста на плацевите на Водно, ама вели дека не ги купил од Груевски

0
3862

Порталот Мактел објави одговор од портпаролката на Орка Холдинг, Катерина Зафирова во однос на спорните плацеви на Водно за кои од опозициските „бомби“ се слушна дека ги поседува премиерот Никола Груевски, а кои летово беа купени од Орце Камчев.

orce-kamcev-540x364

„Компанијата Орка Холдинг ја купи компанијата Сирах Инженеринг согласно законските прописи на Република Македонија. Сите информации се достапни во Централниот регистар и во истите не постои Никола Груевски“, стои во одговорот од Орка Холдинг.

Како што објави Алсат-М во август, сопственоста на овие парцели на Водно од 11000 м2 сега завршува во Скопје, а од регистарот е избришан старата мајка-фирма од даночниот рај Белизе.

Но, освен промената на газдата и седиштето, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кој е патем кум на Премиерот Никола Груевски од првиот брак. Како нов управител впишана е Кристина Камчева Стојчева, сестрата на Орце Камчев.

Овие парцели станаа спорни откако СДСМ во повеќе наврати ја актуелизираше нивнат купо-продажба. Имено, тие се откупени од приватни сопственици пред неколку години, кога нивната намена била шума или лозја. Но со измени на Деталните урбанистички планови во Центар, земјиштето се пренамени во градежно за куќи и згради, со што неговата вредност сега се мери во милиони евра.

Според расположивите податоци, новo седиште на фирмата која поседува над 11 000 м2 на Водно е адресата на Орка Холдинг. Стариот газда, фирмата „Сирах Лимитед“ имаше седиште во даночниот рај Белизе. Интернет порталот „Нова ТВ“ неодамна откри дека на истата адреса во Белизе каде беше сместен „Сирах“, биле сместени фирми кои можат да се поврзат со сопственоста на спортскиот центар Јане Сандански, хотелот Русија, неделникот Република и други фирми чии газди имаат семејни или пријателски врски со владини функционери. Кој е вистински газди на фирмите во Белизе не може да се знае, бидејќи државата гарантира анонимност.

Неделникот Фокус во април откри дека преку ноќ се испразнети канелариите на консултантската компанија „Мур Стивенс“, а истата ја нема на старата адреса во Белизе сити 1 1/2 „Мајлс нортен хајвеј“. Токму во оваа компанија се регистрирани неколку фирми поврзани со Македонија, меѓу кои и „Сирах лимитед“.

Naslovna-1019-400x540

Во продолжение потсетување на опозициските „бомби“ за плацевите на Водно: