КАМЧЕВ СО ДЕМАНТ КОН МИЛЕНКО И ВМРО-ДПМНЕ : Колите ги продадов на друг човек, не сум давал коли на човек од фамилијата Заеви

0
1664
„Орка холдинг“ ги демантира шпекулациите во дел медиумите дека возилата „бентли“ и „мерцедес“ на оваа компанија биле продадени на член семејството на премиерот Зоран Заев.
– Спомнатите возила беа продадени на друг бизнисмен, а што се случувало понатаму со нив, не е предмет на интерес на „Орка холдинг“ – велат од компанијата.
Шпекулациите во врска со овие две возила се појавија откако скопскиот бизнисмен Владимир Стајиќ беше нападнат од некои медиуми дека дошол до овие возила, а тој јавно изјави дека бил жртва на аферата „Рекет“ и дека е подготвен да сведочи како бил рекетиран.