КАМЧЕВ ПОЧНАЛ ДА КРАДЕ УШТЕ ВО ВРЕМЕТО НА ЉУБЧО, 2002-РА КОГА УКРАЛ 6 МИЛИОНА ЕВРА ОД ДРЖАВАТА И ПОМИНАЛ НЕКАЗНЕТО, НЕКОЈ ГО ЗАШТИТИЛ!

0
1308

Истрагата на СЈО тргнала од сомнежите за криминал за плацот зад Рамстор. Таму наводно граделе холандски фирми. Како што се откривало клопчето, прислушуваните разгоовори ги довеле обвинителите на СЈО до почетоците на „Орка холдинг“. Така биле преземени истраги за пропаѓањето на „Орка-спорт“, „Орка-текстил“ и други во сопственост на сега покојниот Илија Камчев, таткото на Јордан Камчев. Овие фирми во 2002 биле однесени во стечај, а целиот имот пренесен на „Орка Холдинг“.

Кога во 2002 им влегува инспекција на УЈП, било алармирано: „Немој да ги затворате фирмите, имаат имот, многу ѝ должат на УЈП!“

Овие наводно пропаднати фирми на Камчев на УЈП должеле 5.9 милиони евра неплатен данок. УЈП пишува дописи до Владата, но Камчеви успеваат да се прифати План за реорганизација со тоа што 75 отсто од побарувањата ќе бидат намирени, но во стока, не во пари. На УЈП ѝ припаднале два милиона евра конци, стари патенти, копчиња и стари костими за капење и стара спортска опрема, а три милиони евра се вратиле кај неговите фирми, кои преку своја офшор компанија од Лугано, ги основал во Македонија, Хрватска, Србија и САД. Се вратиле во фирмите на Камчев, зашто со изигрување на законот се јавиле како доверители. Камчев фактички сам си должел и си го вратил наводниот долг, со што спасил три милиони евра.

Предметот во ОЈО за организиран криминал завршил со изјава за откажување од кривично гонење против Јордан Камчев поради немање докази, што не е засекогаш затворена истрага. Тој се извадил дека не ги носел одлуките сам, туку собранието на АД „Орка Холдинг“.

Во тоа време само осомничениот Ненад Јосифовиќ  е во игра, а сѐ уште ги нема Орце Камчев, Сашо Мијалков и останатите. Јосифовиќ од записничар набргу станува управител на фирмите на Камчеви.