Како Солскјер станува незаменлив во Манчестер Јунајтед

0
1093

Позитивноста што околу себе ја шири Оле Гунар Солскјер ги „зарази“ сите на Олд Трафорд.

Поранешниот фудбалер кој го доби прекарот „Убиец со детско лице“ од медиумите е вршител на должноста менаџер во Манчестер Јунајтед откако Жозе Мурињо доби отказ и го препороди тимот од неговото доаѓање.

Тој ги надмина очекувањата на челниците на клубот  –  „црвените ѓаволи“ сериозно конкурираат во Лигата на шампиони.

Покрај добрите резултати, Солскјер разви одлични односи со играчите и се чувствува подобра атмосфера во секој чекор, што би можело да му донесе постојано вработување, пишуваат спортските медиуми.

Според ESPN, Манчестер Јунајтед престанал да бара ново решение и сака да му пружи шанса на Солскјер за постојана позиција, наместо да почнува од почеток со некој од тренерите за кои беше „загреан“: Масимилијано Алегри, Маурисио Покетино и Зинедин Зидан.

Иако е сосема јасно дека споменатите тренери имаат далеку поголемо искуство и тактички квалитети од Солскјер, Јунајтед во Норвежанецот ја гледа „сржта на клубот“ и шанса за напредок.

Еден од изворите на ESPN вели дека Солскјер направил пресврт од 180 степени во соблекувалната на Јунајтед и дека е јасно дека го влече максимумот од досега проселните Погба, Ерера и Рашфорд, што им е особено важно на семејството Глејзер, сопственик на клубот.

Солскјер ја презеде екипата кон крајот на декември и потоа зареди осум победи во сите натпреварувања, а низата ја прекина ремито 2:2 со Барнли. Ремизираше уште со Ливерпул (0:0), а единствениот пораз го доживеа од ПСЖ во Лигата на шампиони.

Од сите 15 натпревари во кои го водеше тимот, имаше 12 победи и тоа сите во гости.

Многу поранешни играчи го советуваа клубот да се насочи кон Покетино на крајот на сезоната, но Солскјер се покажува како незаменлив елемент во машинеријата Манчестер Јунајтед.