Како слаткар и адвокат од Хрватска ќе флашираат вода во Македонија

0
1172

Како Македонија им додели концесија за извор за вода од 30 години во селото Гари, дебарско, на хрватски инвеститори и колку се тие навистина хрватски, ова е приказната која денеска осамна на хрватскиот медиум Тпортал кој ја истражува оваа инвестиција. Нивното истражување открива дека хрватсските инвеститори постојат само на хартија во централниот регистар на Македонија, додека вистинските пари се руска инвестиција, пренесува Нова ТВ.

Во 2013 тогашниот министер за економија од ДУИ, Ваљон Сарачини, објави дека на хрватската компанија „Мали Лошињ“ ќе и додели концесија за експлоатација на вода во изворот во близина на селото Гари, дебарско, на самата граница со националниот парк „Маврово“. Инвеститорот од Хрватска 30 години ќе може да ја експлоатира водата, да ја флашира и да ја продава под брендот „Маја“.

Минатиот месец фабриката беше и свечено отворена и пуштена да работи, а македонските власти рекоа дека вкупната инвестиција изнесува 14 милиони евра. Произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз, кој е веќе дефиниран, главно во соседните земји, Арапските земји, Хрватска и Русија.

Порталот Тпортал открива дека сопственици на фабриката не се Хрватите чии имиња стојат во официјалните документи, туку руски бизнисмени.

Во македонскиот регистер како сопственици се наведени Дашмир Абдија и Бранимир Којиќ. Првиот е слаткар и сопственик на помали слактарници на островот Мали Лошиљ во Хрватска, додека другиот е локален адвокат. „Тпортал“ пишува дека нивното истражување започнало откако се запрашале од каде слаткарот и адвокатот од ова мало место собрале пари за голема инвестиција во Македонија како оваа.

Порталот пишува дека парите се на компанијата УК Промсвуаз, друштво за управување со инвестициски фондови во Русија. Во нивна сопственост е и една од најголемите банки во Русија, Промсвуаз, зад која стојат Алексеј и Димитриј Ананијев, руски претприемачи вредни милијарди долари. Ова за Тпортал го потрвдува адвокатот Којиќ.

На отворањето на инвестицијата во Гари дојде цел врв на ДУИ.