Како мајка на починато бебе на ГАК не се чувствувам виновна за смртта на моето бебе, затоа што не сум

0
1470

По изјавата на Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, дека голем дел од вината за смртноста на младенчињата во ГАК е кај мајките, на Фејсбук се појави исповед на мајка која го загубила бебенцето.

Како мајка на починато бебе на ГАК, кое е дел од таа статистика од 2016 година, не се чувствувам виновна за смртта на моето бебе, затоа што не сум, напиша една мајка на својот Фејсбук профил.

„Вината барајте си ја на друго место, а не кај нас мајките. Секако, има исклучоци, ама грев е да кажувате дека сме ние виновни. Сега не знам како е на ГАК, но знам како беше јас кога раѓав таму. Консултираат невладини организации, чуда, врагови, а не знаат да нè прашаат нас за да им кажеме што не чини“, вели една мајка.

Оваа нејзина реакција е резултат на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека мајките се најмногу виновни за смртноста на новороденчињата, оти како што рече, жените наводно не се грижеле доволно за своето здравје во текот на бременоста.