Како Кире Шошев со помош на Сашо Мијалков од началник во Министерство за Одбрана стана сопственик на една третина земја од Тиквешко?!

0
7804

(Кире Шошев бере праски во Росоман на својата плантажа на површина од 300 хектари)

Во редакција ни стигна следново писмо:

Ве молам за дискреција оти за ова или ке ми летне главата или ке трпам за леб.

Имено во деведесетите години едно сиромашно чиновниче од Кавадарци во цврста спрега со Никола Кљусев и Јордан Мијалков успева без пари како обичен чиновник да стане сопственик на една третина од тиквешкиот регион односно ја купува задругата Душан Ќириќ која беше најголема задруга во тиквешкиот регион и така овој обичен чиновник, Кире Шошев успева да стане сопственик на 300 хектари овоштарници. После 20 години кога повторно доаѓа Сашо Мијалков на власт овој тајкун чиновник-милионер, Кире Шошев поради другарските релации со Мијалков станува началник за набавки во министерството за одбрана и на оваа позиција е до ден-денес.

И замислете сега милионер кој вози мерцедес од 200.000 евра неговите деца си играат со вистински мерцедеси, работи за плата од 45.000 денари која ке му биде сатисфакцијата. Мислам дека нема друг таков пример на балканот каде што тајкун – милионер работи за плата од 45.000 денари, освен ако не собира мед од кошницата за капиталот и така голем, да му биде уште поголем. Негова основна работа во министерството е само да ги посетува кафаните и рестораните во МКД и да го развива курварлакот со неговиот другар Сашо Мијалков.

Во тиквешијата нема кој не го знае ова лице Кире Шошев и кога идите од Скопје спрема Росоман цела територија околу Росоман е на ова лице и на патот од лево постои еден објект каде со огромни букви пишува Душан Кириќ – Кире Шошев, да се знае дека е негова а во Скопје е 365 дена, на паркингот пред ексклузивниот ресторан Воденица е паркиран мерцедесот на овој началник вреден 200 000 евра, оти пак користи службено возило до дома и назад.

Е тоа е кога си другар на Сашо Мијалков или ќе бидеш судија, или амбасадор, или началник, или милионер.

Ве молам за дискреција за оваа информација, за моите податоци  затоа што ќе останам без леб, автентичноста на приказната нема кој во Македонија што не ја знае.

Ја проверивме на интернет оваа фирма и навистина се работи за најголемата македонска фирма за одгледување на праски во Росоман со годишно производство на околу 2 милиона килограми праски на површина од околу 300 хектари:

kireshoshevobjekt1 kireshoshevobjekt2 kireshoshevobjekt3 dushanciric

На интернет исто така може да се најде овој извадок од Службен Весник од 2000-та година во која се гледа одлуката со која Кире Шошев истата таа 2000-та станал советник на министерот Кљусев во министерството за одбрана:

kiroshoshev

Навистина е интересно како овој човек од советник во министерство за одбрана за само десетина години станал газда на задруга вредна милиони евра и сега е најголем производител на праски во земјава?!