Како жолтата зграда на ВМРО-ДПМНЕ прерасна во неокласичен дворец

0
1336

Трагајќи по тоа како препознатливата жолта трикатница на ВМРО-ДПМНЕ се претвори во габаритен објект висок 29 метри, БИРН стигна до заклучок дека новото седиште ќе беше само нечија замисла, доколку партијата не ги поседуваше сите лостови на власта.

Приказнава е школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот.

Им се брзало за дозвола за градење

Откако ВМРО-ДПМНЕ го пазарила земјиштето, објектот почнал да се шири и да расте во височина.

Во наредните години со неколку промени на ДУП-от за Мал ринг, габаритот на објектот пораснал од почетните 700 квадрати на околу 1.200 или колку што е целата градежна парцела, скокнал од 25 на 29 метри со што се зголемил и бројот на катови од шест со приземје на осум со приземје и поткровје на кое подоцна му е доградена и тераса.

Па така летото 2012, ВМРО-ДПМНЕ преку весниците бараше коинвеститор што ќе изгради објект од два дела, кои ќе имаат посебни влезови и откако ќе финишира градењето, фирмата ќе биде обврзана едниот дел да ѝ го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ по принципот „клуч на рака“.

И додека траеле подготовките за новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, се случија локалните избори на кои партијата по повеќе од една деценија ја изгуби власта во општината Центар.

И за време на изборите поради скандалот со гласачите од Пустец, меѓутоа посебно по „бомбите“ на Зоран Заев и по истрагите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се дозна дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудела да не ја изгуби оваа општина, а подоцна кога сфатила дека тоа е невозможно со сите усилби го одложувала предавањето на локалната самоуправа избоксувајќи втор и трет круг на изборите.

Целиот текст ОВДЕ