Како ДУИ се спаси од тепање?

0
5612

Арсим Заколи прашува во интервју за Ал Џезеира,нели ни е чудно што при тепањето на пратениците од страна на бандите под заштита на полицијата беа претепани пратеници од СДСМ и од Алијансата, но не и било кој пратеник од ДУИ и можно ли е министерот на полицијата од ДУИ Агим Нухију да им кажал на време на пратениците од неговата партија да бидат тргнати и заштитени.

Насилниците не беа спречени да ги раскрварат главите на Заев, Шеќеринска и Манчевски а извршија и обид за убиство врз лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села кој е клучот за формирање на новото парламентарно мнозинство.
Зарем сето тоа не личи на добро осмислено насилство со јасно таргетирани цели?
Можно ли е бандитите со качулки да добиле јасни инструкции кого да претепаат а кого да поштедат од познати причини.

Ќе изрази ли ДУИ жалење барем за жестокото претепување со шипки на Зијадин Села?

Фејсбук статус на професор Ѓорѓи Спасов