КАКО БЕ ДА НЕ КАЖЕМЕ ДЕКА ДИМИТРОВ Е НАЈДОБАР МИНИСТЕР ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ КОГА ВЕЌЕ ГИ КЛЕКНА БУГАРИТЕ НА КОЛЕНА – БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ГО УСОГЛАСИЈА ДОГОВОРОТ КАДЕ СТОИ И Е ПРИЗНАТ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИТЕ!!!

0
2489

Македонија и Бугарија го усогласија текстот на договорот за добрососедство чија цел е решавање на долгогодишните спорови и тензии, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Ројтерс.

Шефот на македонската дипломатија истакна дека Македонија сака подобра соработка и со Грција, а во тој контекст била и неговата неодамнешна посета на Атина. Нагласува дека на средбите во Атина предложил Грција да дозволи Македонија да се приклучи кон НАТО под привремената референца, а да продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение за прашањето за името.

„Мојата порака во Атина беше дека во Македонија има нов почеток и затоа ве молам да размислите каков сосед сакате да имате. Ако сакате да имате европска демократија раководена од владеење на правото, сега е моментот да ни помогнете и можеби да ни допуштите да влеземе во НАТО под привремената референца. Тоа би значело инвестирање во подобра клима каде би било можно решавање и на најголемите проблеми“, вели Димитров.

Тој не очекува поместување на позициите на Грција преку ноќ туку тоа да биде постепен процес.

Прашан дали Македонија некогаш би била отворена за промена на името, Димитров изјави дека тоа е многу сложено прашање кое вклучува емоции и идентитет.

„За решавање на тоа прашање потребно е да имаме процес кој ќе создаде национална позиција. Дефинитивно за тоа прашање ќе има референдум“, истакнува министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за Ројтерс.