КАКОВ ОДВРАТЕН РАСИПАН ЛИК – ДАЛИ БАРЕМ ЌЕ ИМА ДОБЛЕСТ ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ЛУЃЕТО: Откако со недели ги клеветеше Кирацовски и Ременски дека учествувале во аферата РЕКЕТ, Геро сега ретерира и вели дека нивна единствена вина била што се познавале со Боки 13-ка и наместо извинување им дели совети како да поднеле оставки?!?!

0
1789

Откако со недели ги глеветеше дека биле дел од рекетарска банда која рекетирала низ цела држава, сега Геро рекетира и во најновата колумна бара од Кирацовски и Ременски да си поднеле оставки на позициите во СДСМ затоа што биле блиски пријатели со Боки 13-ка?

Тоа било нивни единствен грев? Тој дури тврди дека никогаш не рекол дека тие правеле рекет или имале бенефит од рекетот? Но проценете сами дали е така, еве извадоци од неговите серијали за Кики и Фрики:

Во колумна од 27.06.2019, ги обвинува за рекет уште во насловот:

Во колумната ЕВЕ ЗОШТО ВЛАСТА Е ВО ПАНИКА ПОРАДИ ПРИКАЗНИТЕ ЗА КОКИ, КИКИ И ФРИКИ од 20.06.2019, Геровски пишува:

И така, со полни торби кеш и со нови другарчиња во Македонија, Коки влегува во медиумскиот бизнис на голема врата. Набрзо ќе увиди дека овој бизнис не е баш плукни па залепи и дека пазарот тешко се освојува. Но, тука се новите другарчиња да помогнат. Во таа фаза, по наредба од „врвот“, во медиумската операција, а подоцна и во рекетарските авантури, се вклучуваат Кики и Фрики. Кој помалку, кој повеќе. Но, после првичните успеси и славја, работите полека почнуваат да се комплицираат.

ЗНАЧИ ГЕРО ЛАЖЕ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА НАПИШАНО ДЕКА РЕМЕНСКИ И КИРАЦОВСКИ БИЛЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РЕКЕТОТ ДИРЕКТНО?!

Не само што тврдеше дека Ременски и Кирацовски се директно вмешани туку и дека против Ременски се води сериозна истрага и дека Ременски учествувала при обидот да се рекетира голем мобилен оператор?! Еве што пишува на 06.07.2019 во колумната РЕКЕТАРСКА САГА, БОКИ СЕ ОБИДЕЛ ДА РЕКЕТИРА МОБИЛЕН ОПЕРАТОР:

“Но, појавата на Лики во приказниве, сепак, е од второстепено значење. Се покажа дека дури и Кики, иако јак штик во владејачката партија, бил есапен за „потрошна роба“. Главниот и најопасен соработник на Кики изгледа сепак е Фрики, уште еден член на естаблишментот. Фрики има и лична, но и формална блискост со „империјата“ на могулчето Коки.

Уште се памети како токму Фрики е таа која при поделбата на парите за кампањата за референдумот за промена на името, жестоко инсистира медиумот на нејзиниот компањон Коки да добие најголем дел од колачот. Во значајна мера тие притисоци ќе вродат со плод, касата на медиумот ќе се поднаполни, но референдумот, како што е познато, нема да успее. Народните пари за џабе се фрлени, во медиум со мало влијание на пазарот. И за тоа еден ден некој треба да одговара.

Има сомневање дека Фрики била партнерка на Коки и при еден негов неуспешен обид да изнуди голема сума пари (за 1 милион евра станува збор, велат некои) од еден наш мобилен оператор. Оваа компанија веќе се рекламирала во медиумот на Кокичето наше, но за релативно пристојна, да не речам скромна сума. Како што е и ред, во овие тешки времиња. Но, царот на рекетот не бил задоволен и се обидел да го убеди директорот на компанијата да влезе во неговиот медиум со големи пари. Во таа операција на убедување наводно учествувала и Фрики.

Дека Фрики, покрај Коки, можеби е клучен актер во потфатите, зборува и фактот дека и таа е предмет на една истрага што пред три недели е започната во ЕУ, а покрај Коки, веќе споменуваниот владин советник Баки, една соработничка на Коки и веќе жртвуваниот Кики, под лупа е и Фрики. Ако сум добро информиран, за оваа истрага е запозната и Антикорупциската комисија, или барем некои луѓе од оваа комисија. Некои велат дека поради ова Фрики веќе се подготвува да го напушти бродот што тоне, дури има време, ако воопшто има…”

 

Тој во една од колумните го обвини и Кирацовски дека бил дел од успешниот обид за рекетирање на поранешниот градоначалник на Центар. Во колумната од 17.06.2019, со наслов “Како Коки, Кики и компанија рекетарските уцени ги „ботоксираат“ со „бомби“ и се фалат дека се од арсеналот на СЈО!” Геро пишува:

Коки е галантен, како и секогаш, па на масата се цевчи виски, а понекогаш се дува и се зема од она „пола“ (се мисли на масло од канабис, кое во Македонија може легално да се набави). Како што минува вечерта, друштвото се стеснува, гостите повикани за „уметнички дојам“ или си заминуваат или се повлекуваат на други маси, додека Коки и најчесто Кики остануваат сами со жртвата.

„Колење“, па „француска обработка“

Обично прв зборува Кики, за да го објасни политичкиот контекст и нуждата да се помогне „нашиот“ медиум. На жртвата (во случајов, тоа е поранешниот градоначалник), тој обично ѝ ја раскажува истата мантра:

– Ти знаеш дека ние сега сме на удар. Криминалната банда на чело со Груевски сака да се врати на власт по секоја цена. Затоа на удар е и СЈО. Оти, таму нели има многу „бомби“, ама и искази на сведоци и други документи, поради кои тие можат да завршат во затвор. Освен тоа, се појавуваат и материјали за други личности, за кои сѐ уште не се отворени истраги.

Тука се уфрла Коки со неговото пискаво гласче:

– Што не значи дека нема да се отворат! Даааа…

Секој што е викнат во ова друштво насетува што следи. Невините, но и виновните а наивни, не се даваат лесно и тие обично се „колат“ на повеќе сеанси. После следува „француска обработка“. Но, за нашиот поранешен градоначалник велат дека паднал веднаш, уште на првата сеанса.

– Тоа што сте биле принудени за вашиот нелегално изграден објект да постапите како што сте постапиле и тоа што сте дале поткуп кај поранешната власт, тоа ви е голема грешка. Ама ние не сме како нив. Има разлика, нели? – вели Кики.

– Е има, да… – кисело вели жртвата.

– Дааааа…. Има разлика! Но, вие мора да ни помогнете тие што ве уценувале никогаш веќе да не се вратат на власт. За тоа се потребни и медиуми, а на медиумите им е потребна поддршка. Знаете ли вие колку пари се потребни да се води еден медиум, да се ангажираат новинарски ѕвезди какви што имаме ние? – писка Кокичето наше.

Велат дека нашиот градоначалник платил без збор. Од поодамна тој е скршен, дел од имотот и од бизнисот веќе му е земен, а по промената на власта, на вратот веќе има нови крлежи. Еден помалку или повеќе, сеедно…

И ПОСЛЕ СЕТО ОВА, ПУ ПУ НЕ ВАЖИ, ШАЛИЛИ СМО СЕ?!?! КАКО БЕ ВАКА?!