КАКОВ ЕПСКИ ЛИГУШ, КОЛКУ БЕДНО ЧОВЕЧЕ НАЈДОА ВМРОНИТЕ ДА ГИ ВОДИ: МИЦКОВСКИ И ЧЕСТИТА НА ВЛАДАТА ЗА УТРЕШНОТО ПОТПИШУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ СО НАТО, АМА НЕ БИЛО НА ЧЕСЕН НАЧИН ДОБИЕНО?!?!?!

0
1279

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во разговор за МИА по средбите во Европскиот Парламент, изјави дека го поздравува утрешното потпишување на пристапниот протокол за НАТО, иако, како што вели, Зоран Заев тоа го стори на недостоинствен начин.

-Секој успех на Република Македонија го поздравувам иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме, рече Мицкоски за МИА.

Тој рече дека на денешните средби во Брисел ги изложил аргументите на неговата партија дека постои страв оти владата ќе ги “украде“ претстојните претседателски избори и побара засилен мониторинг од страна на странските набљудувачи.

-Генерално пренесовме ситуација во Македонија, политичка и економска, ги артикулиравме стравувања зошто Заев ќе ги украде изборите и на кој начин, рече шефот на опозицијата, и повтори дека ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори.

Запрашан за фактот дека одржувањето предвремени избори се коси со изјавите дадени на повеќе европски челници дека не е време за избори, туку за реформи, Мицкоски рече дека не се согласува и дека ВМРО-ДПМНЕ и со техничка влада ќе ги поддржи сите потребни закони за ЕУ.

Мицкоски изрази сомнеж дека Македонија ќе добие датум за преговори во јуни годинава.

-Видовме минатата година како се убедуваше јавноста, се организираа бедни прослави за датумот, а датум немаше, ако продолжи вака владата, нема ни оваа година да добиеме преговори, предупреди Мицкоски.

Тој додаде дека неговата партија ќе ги поддржи сите потребни закони за европската интеграција на Македонија.

-ВМРО од самото формирање, основна цел и е интеграцијата во ЕУ, секако бланко поддршка нема да дадеме за законски решенија што се срамни, наши работни групи стојат на располагање за креирање закони консензуално, во рамките на парламентот ќе поддржи сѐ што се однесува на интегрирање на Македонија во ЕУ, рече шефот на опозицијата за МИА.

Запрашан за вклучувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи во закон за заштита од дискриминација кои ги бара Европската Унија, Мицкоски рече дека сѐ уште не е разговарано за ова прашање на координација на пратеничката група.

Мицкоски денеска имаше средби со шефот на парламентарната група на Европската Народна Партија, Манфред Вебер, со претседателот на партијата, Жозеф Дол, со претседателот на комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер како и со известувач за Македонија во ЕП, Иво Вајгл.