Какви покачувања на пензии, какви бакрачи!?

0
1306

Синоќа премиерот, со своето семејство: мајкаму, сопругата и децата, се шеташе по градскиот кеј во Охрид. Божем, близок со народот! Кој пензионер му пријде да му зе заблагодари!? А, дали и можеше да му се приближи, покрај “свитата” од десетина бодигарди!!! Изгледаше јадно и очајно, според охридската песна:”Сами си свири Џоџе, сам си игра !!!Еве ја вистината:

vele-mitanovski

За Обединетите пензионери „покачувањето“ на пензиите е безобѕирна владина манипулација, а поддршката од СЗПМ – подаништво!

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го осудува безобѕирното манипулирање на Владата со пензионерите, со најавата за божемно „покачување“ на пензиите за 5 проценти – се вели во партиското соопштение.

Владата на Република Македонија, без трунка совест, го воведе терминот “покачување на пензиите”, само во функција на сопствениот маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за ПИО со кој се регулира редовното усогласување на пензиите. По втор пат, сака пензионерите „да ги преведе жедни преку вода“ , во што, на општо изненадување – од само ним познати причини, добива поданичка подршка, од Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ) – се вели натаму во соопштението.
Обединетите пензионери, потсетуваат дека до 2013 година пензиите редовно се усогласуваа двапати годишно. Ова, изборено право од пензионерите, беше во функција на подобрување на соодносот на просечната пензија во однос на просечната плата.  Затоа ги повикуваат сите пензионери да им се придружат во борбата за зачувување и подобрување на веќе стекнатите пензионерски права и истовремено заедно да се изборат да престане манипулацијата и „распродажбата“ на нивните гласови.
– Владата и раководството на СЗПМ, наместо што манипулират со терминот „покачување“ на пензиите на солидарна основа, нека одговорат, зошто е суспендирано усогласувањето, колку просечно на годишно ниво би изнесувало редовното усогласување на пензиите, зошто во ФПИОМ нема доволно пари, дали пензиите се социјални примања, каков е соодносот на просечната пензија и плата и како, тие како „демократи и лидери со претприемачки дух“ на мала врата во Македонија ја вратија урамниловката од времето на комунизмот – се вели во соопштенмието на ПОПГМ.
Од таму предупредуваат дека пензии никој не ги дава. Пензионерите самите си ги заработиле со финансирање на Фондот за ПИО. Секоја Влада има обврска да ги гарантира и исплаќа пензиите, во спротивно ќе се соочи со гневот на многубројните пензионери во Република Македонија.

Веле Митановски – фејсбук статус