Тој, за опозицијата, која минатата ноќ организираше протестно шетање во Белград под мотото „Стоп на крвавите кошули”, во знак на протест поради тепањето на еден од лидерите на Сојузот на Србија Борко Стефановиќ и притисоците во Собранието, рече дека тие можат да шетаат колку што сакаат, само никому да не им ги кршат главите и да не уништуваат имот.
Вучиќ рече дека на митингот не видел многу млади луѓе и оцени дека најзастапен бил средниот слој и горниот среден слој и дека треба да се истражи зошто тие се незадоволни. Тој рече дека од протестот не е испратена никаква сериозна порака „освен Вучиќ пе*ер, што не значи ништо”.
„Ако сакате избори тогаш- добро, но јас да попуштам на вашите глупости не ми паѓа на ум, дури и кога шетавте четири месеци секој ден“, рече Вучиќ.