Кадровските смени во МВР ги „заглавија“ партиите во Пржино

0
1338

Партиитe на вечерашните преговори се заглавени кај ингеренциите за кадровски смени на министерот за внатрешни работи во преодната влада, пренесува 24вести.

Неофицијално власта се согласила да го повлече законот со кој му беа одземени ингеренциите, но инсистира да се договори фиксен број на кадровски смени кој што ќе може да ги направи министерот на МВР во преодната влада, ова барање според информациите категорично го отфрлила опозицијата.
Од она што е договорено Владата ќе има мандат од 100 дена и би била функционална од август, доколку изборите бидат до крајот на годината.
Составот на ад-хок телото ќе го предложат партиите, 4 члено, додека петтиот член ќе биде избран по договор меѓу избраните. Тоа тело ќе санкционира и мониторира како ќе известуваат медиумите 100 дена пред изборите.
Во однос на избирачкиот список оние гласачи од спорните 60 000 што нема да се пријават на јавниот повик ќе бидат избришани.
Лидерската четворка  на крајот ќе треба да даде гаранции дека условите се исполнети и да го потврди датумот на избори. Сепак неофицилајно од власта го оспоруваат евентуалното потпишување на таквиот документ.
Извор: 24Вести