КАВГА НА ВМРО-ДПМНЕ И АМЕРИЧКАTA АМБАСАДA ПО ПОВОД САБОТИРАЊЕТО НА СЈО ПРЕКУ СОБРАНИЕТО – Американска амбасада со поддршка за Катица: Барањата на СЈО се разумни, да се овозможи непречена работа

0
2601

Американската амбасада во Скопје реагираше на денешната собраниска седница на која владејачкото мнозинство ги одби барањата за измени на законите со кои СЈО би добиле продолжување на рокот за работа, како и измена на законот за заштитени сведоци.

„Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите. Воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје.