И ЈАНКО БАЧЕВ СЕ ПРЕТЕРА СО АЛБАНОФОБИЈАТА : ПРЕКУ СООПШТЕНИЕ СО ,,ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА” ШИРАТ ГРУБА ЛАГА ЗА ПОЛИЦИЈАТА ДЕКА ГИ ТЕРАЛА ДА НОСАТ КЕЧИЊА!

1
1199

„Македонија-Блокира„ најостро ја осудува синоќешната брутална полициска интервенција врз македонскиот народ кој мирно протестираше пред Собранието во рамките на активностите за спречување на уставните измени со кои се брише се што е македонско.

Во неоснованата, незаконска и нелогична акција на полицијата има неколку повредени а кај еден од протестантите има кршење на прстите на раката за штои има и видео запис.

Шокирани сме од сознанието дека пред Собранието во најголем дел биле распоредени полицајци – Албанци кои во еден момент тргнаа на народот со тепање и провоцирање дека во скоро време протестантите ќе носат ќечиња.

Го повикуваме министерот Спасовски да се вразуми и да не провоцира оти работите лесно може да излезат до контрола, дотолку повеќе, блокадите продолжуваат до финалната одлука -или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.