И Хорхета го испрскале со „непозната течност“ во Охрид!?

0
2978

Ова лето, Охрид е дестинација за одмор на македонските политичари. Шефот на државата се држи како пијан за стап за некогашната титова вила Билјана. Сега и уште еднаш здравје-никогаш!

Зоран Заев, не само што го набрка Никола Груески од раскошниот владин кабинет, туку и од прекрасната новоизградена резиденција, надвисната над езерската шир, во боровата шума во “Горица”.

Никола, кутриот, уште и без пасош, не му остана ништо друго освен, од близина, од хотелот “Инекс-Горица”, да пушта воздишки кон, до вчера, “неговата” резиденција!

Многу згоди и незгоди со нашите “политици”!

Хорхета, деновиве го поканиле на вечера, во еден познат хотел. Му наместиле маса, покрај базенот, да ужива и да се мези!Арно, ама се нашол, некој јунак – одoшто премногу го “љубел” Хорхета, му удрил две-три клопчиња во базенот (скок кој крева најповеќе вода!), те го испопрскал, море го покиснал како глушец – со “непозната течност”!?

Веле Митаноски – Фејсбук статус