И Санадер сакал ама јавноста го спречила да си купи мечка како на Груевски

0
1129

Meрцедесот од цели 575 илјади евра ,на желба на премиерот Груевски со пари од државната каса е купен во 2012 година,  преку „Мак ауто стар“.Преходно, Грувски во 2001 та како министер за финансии од касата на министерството си купи блиндиран џип со образложение дека во конфликтот му била загрозена безбедноста.

mercedes

Освен Груевски, како што сугерираат снимките на опизицијата за која премиерот тврди дека се сечени и лепени, од политичарите на Балканот единствено поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер кој подоцна беше суден за корупција посакал да се вози во ист ваков скап мерцедес. Тогаш тие го набавиле возилото, но под силен притисок од јавноста Санадер морал да се откаже од мерцедесот.

Во продолжение докази на опозицијата обелоденети денеска дека Груевски пред 3 години си купил мерцедес од 575 илјади евра,но барал тоа јавностада не го знае.

25. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало
НГ: Горде здраво, шо праиш?
ГЈ: Здраво, добро еве на работа…со обврски вообичаено.
НГ: За ова се јавувам шо ми пиша…
ГЈ: Аха..
НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќеси го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…
ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…
НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…
ГЈ: Да да добро нема проблем…
НГ: Таму…кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата
ГЈ: Да де да…
НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега…бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така…
ГЈ: Добро јас нема проблем пошо нели веќе се заврши све…
НГ: Така, до локални нека си биде на вас, на ваше како се вика тоа…
ГЈ: Не, може и после да си биде на МВР возилото, значи нема никаков проблем…
НГ: Нека си биде
ГЈ: Значи сопственик си е МВР нема никаков проблем, у принцип мислам кај нас се задолжува возило на име за… да си внимава некој да не не го оставаме така…
НГ: Ама ако го задолжиме на Мац па после да не се дознае, м?
ГЈ: Па… мислам дознавањето е тоа некој надвор ако види иначе нема друго дознавање, мислам нема проблем и вака ќе си биде задолжено на овој Влатко шо ми е од возен парк па кога треба ќе си го земе Марјан со патен налог…
НГ: Е па и на Влатко, може ли на неколку да се задолжи?
ГЈ: Не само на едно лице може
НГ: Е па на Влатко од возен парк задолжи го…
ГЈ: Пошо он е нели началник…
НГ: Кажи му дека многу често ќе го користиме и ние и секогаш ко ќе ни треба да ни го дава…
ГЈ: Да, да, да, го знаете Влатко некни шо ме прашавте за него, тој е ептен е океј дечково мислам нема проблем…
НГ: Кажи му ти , секогаш коа ќе ни треба, Мацко и тој другиот како се викаше Аце, двајца се…
ГЈ: Да де да…
НГ: Коа ќе го побараат да ни го даат…
ГЈ: Не е проблем, јас ќе го викнам Влатко ќе се договорам со него, јас сакав прво со вас да се… да знаете до кај е, шо е работава, пошо нели скроз ја завршивме, па да знаете дека е е во ред…

26. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Горде шо праиш?
ГЈ: Ало?
СМ: Ме слушаш Горде?
ГЈ: Еј кажи
СМ: Ме слушаш?
ГЈ: Да да нешто ми се изгуби ама сега те слушам
СМ: Како ме слушаш бе, добро ме слушаш или лошо?
ГЈ: Па сега добро
СМ: Сега добро… Пошто нешто ми викаат у последно време не ме слушале добро…
ГЈ: Преѓе кога викав да да како да се прекинуваше, знаеш ко…
СМ: Да, да..
ГЈ :…ко да си у тунел ама сеа е океј…
СМ: Шо праиш?
ГЈ: Ништо бе еве со работа
СМ: Со работа а?
ГЈ: Ти шо праиш?
СМ: Еве ја до пред малце бев на работа па тргнав на пат да ти кажам…
СМ: Аа така… абе слушај знаеш дека ова мерцедесов стигнал, па чисто онака сакав да те прашам…
ГЈ: Е?
СМ: Стигна каде е што е да го видиме…
ГЈ: Хахаха..стигна, стигна и одма го стаивме у гаража кај премиерот, знаеш да не го гледаат овде кај нас ко циркуз ама мислам ти коа сакаш со нив не е проблем, знаеш оти кај нас овде ко… ќе биде ко панаѓур. Иначе Сашо не знам, ја неам такво нешто видено…
СМ: Да, го виде ти?
ГЈ: Го видов тој ден коа го донесоа пошо мојов возач отиде да го земе од Мерцедес знаеш пошо пат тоа ко авион да возиш е…
СМ: Да а?
ГЈ: Фантазија, немаш видено такво нешто… го стаија знаеш у Влада у таа гаража…
СМ: А све е регистриран све…
ГЈ: Се, се, се комплет, регистриан, таблички све е завршено…експресно завршивме знаеш сега да не..многу многу да не го шетаме овде низ МВР има еден куп комуњаришта ќе почнат да оговараат, да зборат, некој ќе го слика, ќе го гледа…фантазија е, коа ќе имаш простор, договори се со чоекот не си видел такво нешто…и овие од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа
СМ: Да, а?
ГЈ: Пошо е најнов…мислам ептен вака, знаеш вака…
СМ: У некоја наредна прилика ќе го пробаме..
ГЈ: Да бе да, мислам јас знаеш сеа коа не знаеш, не си го видел викаш де бе што може да е толку пари…
СМ: Црна боја?
ГЈ: …ама коа ќе го видиш фантазија е..
СМ: Што боја е?
ГЈ: Црна…црна се е, абе види он од надвор не сега не е нешто, супер топ изгледа, мерцедес најнов како може да изгледа…Ама не, нема разлика нели у однос на другиве мерцедеси со таа класа…ама внатре коа ќе видиш шо све има… и самиот сараунд систем и она клими на секое седиште, масажери, чуда, телевизори…
СМ: Значи све живо шо постои има внатре а?
ГЈ: Тој беше од каталогот мислам знаеш така и ја праевме работава , се шо пишуеше у каталогот, све има…
СМ: Све а?
ГЈ: Фантазија…
СМ: Колку испадна цената?
ГЈ: 575 мислам дека со ДДВ дојде…
СМ: Со се давачки?
ГЈ: Да, да со се ДДВ да… така мислам дека беше 580, 575… види таа кола толку кошта сеа…
СМ: Да, да, да…
ГЈ: Може не знам ако е…
СМ: В7 ли е?
ГЈ: Да, да, да В7 мислам дека е В6 7 оти
СМ: Не, не Б Б она што е за блинд…
ГЈ: Да де да, епа со В е обележано, може на германски е некоја ознака меѓутоа тоа е тоа…нели 7 е највисоко ова е 6, 7 ваљда тоа е најголемо мерцедес шо го има… и ние прашувавме пошо ја знам 7ца е топ, ми вика нема мерцедес ова е највисокото шо го нуди…фантазија е Сашо
СМ: Аха, значи највисокото…
ГЈ: Највисокото мислам фантазија баш, не сме се виделе ја и ти, коа ќе имаш прилика, убаво вака да го разгледаш, нема поубава кола у Македонија…
СМ: Се има провозено некој?
ГЈ: Е па ваљда го пробалем од кај премиерот пошо Маријан го зема…
СМ: Аха…
ГЈ: … мислам он викаше знаеш подискретно сеа да не го гледаат ама претпоставувам некогаш навечер го извадиле коа нема многу луѓе…
СМ: Ама што да не го гледаат, што ќе го кријат…тоа треба да се вози сеа што
ГЈ: Е па добро сеа знаеш како он вика да не го гледаат, како ќе процени така, ние нашето…
СМ: Цела Македонија знае у весници пишуваше шо…
ГЈ: Абе пишуваше ама знаеш сега он нејќе него да го видат со колава, како ќе процени така…и ти викам Марјан вика абе знаеш вика ќе гледаме да не го забележат, викам како ќе го постигнете тоа коа нема друга кола у државава таква знаеш…не може да не го забележат ама добро да не им го расипувам меракот, но се си е океј, значи се расчистено и ќе го пратиме и на обука, двајца ќе пратиме, тоа бесплатно им следува така да…топ
СМ: Да…
ГЈ: Супер е, многу е убав…
СМ: Дообро, ништо тоа ме интересираше…
ГЈ: Да знаеш перфектен е…