И ПЦЕР не оди на избори на 5 јуни

0
1018

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) нема да оди на избори на 5 јуни, се наведува во соопштението на оваа партија.

„На неодамна одржаниот конгрес на ПЦЕР беше донесена одлука додека не се прочисти избирачкиот список и не се исполни договореното од Пржино нема да учествуваме на избори. Доколку се исполнат овие услови беше кажано на Конгресот, ПЦЕР ќе учествува заедно со својот коалициски партнер СДСМ и другите коалициски партии на опозицијата“, се наведува во соопштението на ПЦЕР.