И Питер Фејт денеска на работната група за имплементација на договорот од Пржино

0
1023

piterfejt1-540x374

На денешниот состанок на работната група за имплементација на договорот од Пржино, присуствува и искусниот дипломат Питер Фејт, кој беше посредник меѓу завојуваните страни во војната во 2001 година, информира порталот Плусинфо повикувајќи се на неофицијални извори.

Тој денеска е повикан во својство на експерт кој ќе презентира анализа за Охридскиот рамковен договор. Ова, според дел од преговарачите, ДУИ се обидува да го стави на агендата на работната група т.н. етнички прашања.

Инаку, во договорот од Пржино што беше потпишан на 2 јули, стои дека треба да се работи на целосно спроведување на Рамковниот договор. Според неофицијалните информации, сепак, засега не се планира да се навлегува во понатамошна дискусија на оваа тема, туку на ова прашање ќе биде посветен само денешниот состанок.

Денеска се очекува да се разгледува и акцискиот план за имплементација на договорот од Пржино што беше првично подготвен во јули, а сега се очекува да се услови нова верзија прифатлива за сите страни во преговарачкиот процес.