Со 9 гласа „за“ и ниеден „против“, ДИК го усвои Извештајот за вкрстената проверка на податоците од Избирачкиот список. Вкупната бројка на спорни записи e 256.152. Бројката за која е потребна теренска проверка изнесува 100 илјади 436 гласачи.
Според податоците до кои стигна ТВ21, куќи со над 20 гласачи и варијации на презиме има 44.308, станови со над 8 гласачи и варијации на презиме 18.727, адреса каде има минимум 5 години со два пати зголемен број на гласачи 2.2292, нови полнолетни гласачи со ограничени записи – 22.573, најмногу гласачи на изборни места кои не се родени во МКД – 130, додадени гласачи во тек на изборен циклус се 774, гласачи што за прв пат гласаат над 30 години – 11.632.
Граѓани за кои нема записи 62.897, а бројот на граѓани кои гласаат на различни изборни места е 3.336.