И од ИРИ го најавуваат поразот на ДПМНЕ : Големиот број неопределени може да го намали водството на владејачката коалиција

0
1434

Додека анкетите покажуваат победа за владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам и значителниот процент на неопределени гласачи кој го покажуваат истражувањата, може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи, се вели во предизборниот мониторинг на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според ИРИ излезноста на претстојните избори ќе биде над 60 отсто.

„Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР извести за „обвинувања за притисоци врз вработените во јавниот сектор да гласаат за конкретни политички партии”, иако атмосферата во предизборниот период е мирна. Идната влада ќе мора да преземе мерки да ја врати довербата во политичкиот систем, со оглед на тоа дека вербата во интегритетот во македонската демократија во очите на електоратот е нарушена поради политичката криза во изминатите две години. Се очекува дека изборите ќе овозможат стабилизација на политичката клима во Македонија“, се вели во извештајот на ИРИ.

Од Институтот потсетуваат дека изборите ќе се одржат како резултат на политички договор постигнат со посредство на Европската Унија и САД, и тие се гледаат како доказ дека политичката ситуација во Македонија се стабилизира.

Извор: Мета