И ОДИМЕ….ШУТКА НЕ ТИ БЕГА НИКОЛААААА,НИКОЛАААА, НИКОЛАААААА : СДСМ ги скрои писмените документи за ДУИ; Се праќаат кај Ахмети

0
2660

Подготвени се писмените материјали што Али Ахмети ги бара од Зоран Заев  и наскоро ќе бидат доставени до ДУИ, велат за Алсат-М извори во СДСМ. Засега не се прецизира нивната содржина. Социјалдемократите сметаат дека следната недела ќе биде одлучувачка за партијата на Ахмети – очекуваат дека ќе ги добијат неопходните пратенички потписи за добивање мандат за составување влада.

Паралелно, работните групи на двете партии разговараат за детали. Од ВМРО–ДПМНЕ, немаат дополнителен коментар за инфроамцијата што ја обелодени ДУИ – дека владејачката партија ја прифатила нивната платформа речиси во целост, а единствениот проблемот настанал околу СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на Ахмети да не се надева на некоја идна коалиција со нив ако сега го прекриши принципот „победникот оди со победникот“.

„За тоа прашање се произнесовме рпеку соопштенијата на партијата, а за подобра инфромација на вашите гледачи би Ве упатил да се обратите писмено прашање до Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, извори од ДУИ за Алсат – М брифираат дека и покрај ваквите заканувачки пораки на Груевски до Ахмети двајцата се сретнале во изминатите денови. Средбата, според информациите на Алсат- М, не поминала во релаксирана атмосфера. Едно крило во ДУИ, и натаму се обидува да издејствува чекори во корист на соработка со ВМРО -ДПМНЕ кои во најмала рака би оделе на оддолговлекување на целиот процес, нешто што и самиот Ахмети суптилно го најави со споменување на белгиско сценарио – ситуација во која земјата две години немаше влада.

Сепак, извори за Алсат-М брифираат дека тоа нема да оди така лесно, бидејќи  се поголем станува и притисокот на мнозинството на членството кое смета дека потписите треба да бидат дадени на СДСМ.

Извор : Алсат-М