И ОВИЕ УЧЕЛЕ ОД ЦРНИ ГРУЈЧЕ – ТОЛПА НА ДИЛЕТАНТИ УПАДНА ВО СОБРАНИЕТО ВО ВЕНЕЦУЕЛА И ГИ ПРЕТЕПА ПРАТЕНИЦИТЕ!

0
1701

Неколку десетици поддржувачи на власта упаднаа во парламентот на Венецуела во кој што мнозинство е опозицијата и повредија неколкумина пратеници и новинари. Сведоци велат дека инцидентот во Каракас се случил по пленарната седница за одбележување на Денот на независноста.

На снимките од нападот се гледаат двајца опозициски пратеници со раскрвавени глави, а проопозицискиот сајт „Ла Патилја“ објави дека неколкумина пратеници биле нападнати од толпа.
„Неколкумина се повредени во националното собрание откако беа претепани од насилна група“, пишува „Ла Патилја“.

Пратеникот Јахаира де Фореро кажа дека тројца од неговите колеги се повредени, а еден од нив бил задржан на болничко лекување.
Нападот се случи додека претседателот Николас Мадуро држеше говор на воена парада за Денот на независноста во друг дел од главниот град.

На 27 април се случи организираниот напад во македонското Собрание, во кој што беа повредени над 100 пратеници, новинари, полицајци и граѓани.

Извор : СДК