И нема да запре со поплавата. Имаме многу за отплаќање, зашто уште мижиме пред злото

0
1292

Груевски и неговите се такви лажговци што и природата се сврте против нив за да ги разоткрие пред светот. Ја разоткри нивната неспособност и болната потреба за саморекламерство. Настраданите во поплавените места ги пцуеа, ги бркаа и во лице им кажуваа на Груевски и Коце Трајановски дека се луѓе од најдолна сорта, кои несреќата ја користат за лична промоција и профит. Увидоа колку се омразени и непожелни на лице место. Тоа е најголем удар за секој тежок нарцис од типот на Груевски, чија самодоверба со година беше градена на лаги кои му ги сервираат Сител, Канал 5, МТВ и останатите телевизии. Најтажното е што го видовме и тоа дека Македонија нема организирани и опремени институции за заштита на граѓаните во катастрофи од било кој вид. Чекавме на пумпи од Бугарија!?

На пумпи!?

Пумпи за чие користење нашиве војници и профи спасители, во вода до колена читаа од упатството за употреба!

Чекаа на подарок пумпи од Бугарија за извлекување гомна и кал, оти претходно немаа време да ги купат зашто поважни беа гипс фасадите во барок.

Старите кинески мудреци велеле, кога луѓето мижат пред злото кое преовладало, природата сама ја враќа рамнотежата на силите. Тоа отприлика ни се случува нам. Не е тоа гатање или пророштво, туку природен закон. И нема да запре со поплавата. Имаме многу за отплаќање, зашто уште мижиме пред злото.

Фејсбук статус на Сашо Тасевски