МИЛЕ МИ ТЕКНА ЗА БРЗО ВРЕМЕ ЧЕ ГО ЈАДИ СТАПО И ЧЕ ИМА ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ : СВР Прилеп му РОКНА кривична пријава за незаконска продажба на станови!

0
2432

СВР Прилеп поднесе кривична пријава против поранешниот министер, Миле Јанакиески, и уште три лица за злоупотреба на службената положба.

Според пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје, Јанакиески во периодот од 2007 до  2010 година без одлука на Владата која била сопственик на станови во т.н. пензионерска зграда во Прилеп, склучил договор за купопродажба на два стана со лицата кои биле корисници на становите.

Според извори од истрагата, второпријавениот бил нотар, третиот осомничен поранешен државен правобранител, Стеван Трајкоски, а четврта е актуелната државна правобранителка, Валентина Јорданоска, кои имале задача да ја испитаат законитоста за склучување на договорите, но не преземале мерки за заштита на државниот имот. На тој начин овозможиле да бидат откупени становите по повластени цени и го оштетиле државниот буџет за 42.000 евра.