И КЛИСАРЧЕТО Е СВЕСНО ДЕКА ВМРО ЌЕ БИДЕ ПРЕГАЗЕНО – Апасиев: Мицкоски требаше да прифати брзи избори без техничка влада, вака се изгуби моментумот

0
1232

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека политичка грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што не прифати брзи избори без техничка влада.

 -Имаше зафрканција во некој весник дека Владава е пиротехничка, а не техничка. Нашиот Устав не познава техничка Влада, туку беше вметната со политички договор. Тоа покажува дека работите треба да ги решаваме во Собранието, а не надвор.

ДПМНЕ беше зезнат со тоа што прифати брзи избори во април. Мицкоски требаше да прифати брзи избори без техничка влада. Тоа е политичка грешка на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи го изгуби моментумот. Ако имавте избори веднаш после дебаклот на СДСМ со недобивање датум, тоа кај народот ќе беше свежо. Вака се изгуби моментумот, смета Апасиев.