И денеска продолжува акцијата на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја

0
891

Денеска продолжува акцијата на СДСМ, за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна, известуваат од партијата.

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето.

Активностите коишто ќе ги предводи заменик претседателката Шекеринска започнуваат во 11.30 часот, на влезот во населбата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје (влез во населбата, кај бензинската пумпа на „Макоил“).

Акциите за помош продолжуваат во населените места Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, а ќе биде поделена и хуманитарна помош во сите погодени подрачја, известуваат од СДСМ.