И газот да му го побараат Грујо ќе го даде во очајот да се спаси: Се укина плаќањето придонеси за хонорари

0
1042

Спорниот закон за задолжително плаќање придонеси за хонорарците се повлече. Од први август сите оние кои заработуваат по основ на авторски договор или хонорар нема да мораат да ги плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување кои ги наметна владата.

stavreski-gruesvski-640x320

Носењето законски измени со кои на хонораците им се наметна обврската да плаѓаат придонеси предизвика револт незадоволство и неколку протести на засегнатите хонорарци.

Законот стапи на сила на први јануари годинава и по само осум месеци владата го повлече. Засега останува нејасно зошто властите и покрај забелешките на засегнатите чекаа толку долго да го повлечат законот кој предизвика хаос но и драстично ги намали примањата на оние кои заработуваат за живот хонорарно.

Владата цврсто го бранеше ставот дека законот е добар и ќе обезбеди социјална сигурност кај хонорарците за да само по осум месеци го повлече.

Засега е непознато дали повлекувањето на законот е предизборен потег.