И ВЛАТЧЕ СЕ ПРЕТЕРА НА ГОВОРНИЦА, ДИРЕКТНО ГО ОБВИНИ ЗАЕВ ДЕКА ОТКАКО СТАНАЛ ПРЕМИЕР ВО МАКЕДОНИЈА ИМАЛО НАЈМАЛКУ РОДЕНИ БЕБИЊА?!

0
1180

Седницата за пратенички прашања во Собранието почна. Прв прашања постави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Тој упати две прашања до премиерот Зоран Заев и едно министерот за култура, Асаф Адеми.

Ѓорчев  прво го праша Заев дали Владта има намера да го спречи, ублажи и смени трендот на тонење на Македонија на сите можни листи? Како пример го посочи падот во 2017 година на листата на Транспареси интернешнл од 18 места и на светската листа на иновативност каде има пад од 23 места.

Во второто прашање, пратеникот го праша Заев зошто во 2017-та, годината кога тој е премиер има најмалку родени бебиња во Македонија во последните 70 години. Како што рече тој, лани се родиле околу 21.000 бебиња, а до наредната година оваа бројка ќе падне под 20.000.

Ѓорчев упати критика за политиките за наталитетот на Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Тој зборуваше и за безбедноста во Скопје посочувајќи дека никогаш не била на пониско ниво и ги наведе како пример бројните запалени автомобили и убиството на Никола Саздоски.

Во последното прашање, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на министерот за култура, Асаф Адеми да не го чепка музејот на ВМРО зошто тој е нешто свето, а во спротивно ќе одговара за тоа.

Заев во неговите одговори им порача дека рејтингот на листите за 2017 не е само за тој период кога тој е премиер туку за целата кога, која претходно беше одбележана со политички кризи.

За доделувањето на државната помош и грантовите за фирмите тој рече дека се е според закон, но со нивните постапки и откажувања од апликациите функционерите го почитуваат и етичкиот кодекс. Премиерот изрази уверување дека наредните извештаи ќе покажат значително подобрување на Македонија во однос на листите за корупција итн.

Ѓорчев му возврати на Заев дека не е задоволен и оти сѐ му паѓа во вода кога неговиот личен адвокат ќе отиде во судот и ќе го брани градоначалникот на Ново Село за шверц на цигари, како што се случи вчера.

– Тој е приватен адовкат и може да го ангажира кој било. Тој не е функционер туку е приватен адвокат. Градоначалникот на Ново Село е мој пријател, јас сум стоел до него во кампања, но секој кој се огрешил ќе си одговара пред законот… Само така ќе има одговорност во државата, ќе создадеме услови за младите да се чувствуваат комотно, да останат тука, а со тоа ќе расте и наталитетот – одговараше Заев.