И Андреј Жерновски подготвува кривична пријава против порталот „Република“

0
962

Почитувани,

Би сакал најостро да ги демантирам лагите изнесени во денешниот текст објавен во порталот „Република“ со наслов „Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра“?

zernovski

Повеќе од јасно е дека ваквите лаги се пласират со цел да се дефокусира јавноста од проектите кои ги реализира општина Центар. Очигледно ВМРО ДПМНЕ не може да се помири дека граѓаните се задоволни и даваат поддршка на работењето на општината, па со бесрамни лаги се обидуваат да го оттгргнат вниманието.

Уште во понеделник ќе поднесам кривична пријава за клевета и ваквите тврдења „Република“ ќе мора да ги образложи на суд.

Андреј Жерновски