ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОЛИТИКА НА ЗАЕВ И ВЛАДАТА – Захариева: Бугарија го признава македонскиот јазик

0
1645

Екатерина Захариева, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, во интервју на националната телевизија „БТВ“, изјави дека Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и македонскиот јазик согласно Уставот на Република Македонија.

„За јазикот не гледам каков е спорот. Така како што е потпишана декларацијата, така е и предлогот. Македонски јазик согласно Уставот на Македонија“, рече Захариева.

На потпрашање на новинарот дали Бугарија го признава македонскиот јазик, Захариева рече „Македонскиот јазик е согласно нивниот Устав, а ние ја имаме признаено македонската држава што значи дека го признаваме и нејзиниот Устав“

Захариева изјави дека посетата на високо ниво на премиерот Зоран Заев и на македонските министри претставува затоплување на односите со Бугарија.