Исклучените од Топлификација бараат помилување од Иванов

0
1049

Дел од исклучените од Топлификација кои, како што велат, се чувстуваат како најголеми криминалци во државата му пишаа писмо на претседателот Ѓорге Иванов со кое бараат аболиција.

„Побаравме аболиција за своите злодела спрема Балкан енерџи ДООЕЛ ќерка фирма на Балкан Енерџи Гроуп АД ќерка фирма на ТГК2, ќерка фирма на Синтез груп и нејзиниот сопственик Леонид Лебедев, близок пријател на лицето Никола Груевски. Со жалење констатираме дека Лебедев е неправедно гонет за финансиски криминал во Русија и пребегнат во Кипар каде му се регистрирани голем број на фирми од кои јаде леб и дава на други како него. Според нас, сите криминалци треба да бидат аболицирани, како и сите други во државава“, стои во реакцијата на група граѓани.

Тие во прилог го испратија и писмото до Иванов.

топ 2 топ 1

Инаку, во сабота, 30. 04. 2016 на вообичаено место и време, кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот ќе се одржи 59-иот протест на исклучените од Топлификација.