Душко млекарот нападнат од брат на полицаец со нож, полицијата не реагирала

0
1450

Душан Илиевски, познат како Душко млекарот, утрово бил нападнат од брат на полицаец со нож, а полицијата не реагирала, објави Доказ.

dusko.mlekar

Како што рекол Илиевски за порталот, тој бил нападнат со нож пред сопствената куќа, од Слободан Најдовски, кој бил брат на Зоран Најдовски, полицаец кој му поднел кривична пријава за тепачка пред општина Битола од пред две недели.

– Пријавив во полиција, не дојде, во 8:30 бев во полиција и ми рекоа приватно да го тужам, полицијата ништо не презема – рекол Илиевски за Доказ.