ИНТЕРВЈУА – Ања Мукаетова: Ќе учам на најпрестижниот факултет за графички дизајн во Европа

0
1750

Матурантката од меѓународната гимназија „Нова“ во Скопје, Ања Мукаетова, своето образование ќе го продолжи на една од најпрестижните образовни институции во сферата на уметноста, дизајнот, модата и изведувачките уметности, University of the Arts во Лондон.

Животот во оваа светска метропола ѝ претставува предизвик, а вели дека тимот во „Нова“ постојано бил тука за да ѝ помогне да се насочи каде ќе го продолжи школувањето и да ги разреши своите дилеми.

Ања, зошто одлучи да се запишеш на University of the Arts во Лондон и колку беше комлициран патот до оваа престижна образовна институција?

При мојата прва посета на Лондон за време на летната школа за дизајн во Arts University Bournemouth, градот ме воодушеви и веќе бев речиси целосно сигурна дека моето образование сакам да го продолжам во Лондон. При истражувањето што го направив на интернет, University of the Arts во Лондон е рангиран како најдобриот факултет за графички дизајн во Европа и за мене беше предизвик да пратам апликација и да бидам примена на овој престижен факултет.

Целото интервју ќе може да го прочитате на порталот Точка.Мк ОВДЕ