ИНИЦИЈАТИВА ,,Ќе дишеме или ќе издишеме” : Отворено писмо до Директорот на клиника по белодробни заболувања Козле

0
1393

Иницијатива на ,,Ќе дишеме или ќеиздишеме” до директорот на клиниката по белодробни заболувања во Козле до Оливер Зафировски испровоцирани од состојбата на клиниката која ви ја пренесуваме интегрално :

zafirovski,todorov+i+gruevski

„Г-дине Зафировски,

Ако сме граѓани на оваа држава на која редовно и плаќаме здравствено осигурување ние секако имаме право да бидеме информирани за неколку работи кои се во Ваша надлежност но се во наш интерес. „Ќе дишеме или ќе издишеме“ бараат јавно да ја соопштите бројката на дечиња кои се лекуваат во последниве три години на Институтот по белодробни заболувања кај децата. Бараме јавно да го соопштите бројот на дечиња кои на дневна основа се примаат на контролен преглед на Институтот. Бараме јавно да ја соопштите бројката на дечиња примени по оддели :
– отсек за респираторни акутни болести кај мали дечиња
– отсек за недефинирани респираторни состојби кај дечиња и деца до 16 годишна возраст
– отсек за хронични и алергиски респираторни заболувања

Бидејќи имате наведено дека основен мотив и предизвик на оваа институција е што може повеќе да посвети внимание на превенција и да се помогне во развојот на здрава популација, „Ќе дишеме или ќе издишеме“ прашуваат:
– Дали е во огромен пораст бројот на деца со респираторни проблеми и деца со алергиски заболувања?
Исто така би сакале да бидеме информирани што Вие превениравте последниве неколку години (освен присуство на протокуларните конгреси) и како Вие алармиравте за загаденоста на воздухот и зголемениот број на алергени посебно во Скопје,Тетово и Битола.

„Ќе дишеме или ќе издишеме“ деновиве го посетија Институтот по белодробни заболувања кај деца во Козле. Да Ве потсетиме дека имате неисполнето ветување. Кое?! Следново – “Новата зграда чини осум милиони евра (НАШИ ПАРИ) и ќе биде изградена до 17.09.2014 година”.
Ова отворено писмо го пишуваме на 14.04.2015 година. Зградата НЕ е пуштена во употреба до ден денес, а ситуацијата на терен е КАТАСТРОФАЛНА и е евидентирана од нашите активисти.

ПС.На ден 18.12.2014 имате добиено донација од 500.000 денари од АД Мепсо за набавка на нови апарати. Како граѓанска иницијатива сакаме да бидеме информирани која е апаратурата која ја набавивте за тие средства?!
И во иднина би сакале да ја разграничите партиската и директорска функција така што во јавните настапи нема да се заблагодарувате на “партиски” фунционери на хуманитарни базари . Во најмала рака е дрско и безобразно.

Почитувани

,,Ќе Дишеме или Ќе Издишеме” продолжуваат со своите активности.Во прилог Ви го доставуваме писмото кое го испративме на Оливер Зафировски Директор на Клиниката по белодробни заболувања кај децата- Козле. Се почесто се слуша лелекот на мајки кои ја посетуваат клиниката ,се поголем е бројот на дечиња кои имаат алергиски заболувања , се поголем е бројот на деца со респираторни проблеми .

Бевме испровоцирани од еден настан каде Директорот на јавен настап на Канал 5 за време на хуманитарен базар за велигденските празници се заблагодарува на партиски членови (претседател на општина Карпош) за помош која е од сите граѓани.Воедно ние како иницијатива ја посетивме клиниката. Новата зграда која толку беше најавувана и која требаше да биде пуштена во употреба  до 17.09.2014 година не е завршена . Ја евидентиравме состојбата на терен ,напуштени болнички кревети во дворот,катастрофален  пат до клиниката (по кој не треба да заборавиме возат избезумени родители со своите болни дечиња) , стари бараки (донација) , вреќи отпад ,чаршафи ……

Дел од сликите Ви ќе Ви ги пуштиме во прилог. Воедно на ден 15.04.2015 (утре) Ве покануваме на пресс пред Републичкиот Институт за јавно здравје – 50 девизија бр. 6 .
Мораме да напоменеме дека Вашето присуство нам како на иницијатива ни е повеќе од потребно !!! Ве очекуваме !!!

Barakite+vo+koi+prestojuvaat+decinjata+podarok+od+Crkva Bolnicki+krevet+vo+dvor Vreki+od+Bolnicata+vo+dvorot Vreki+vo+dvorot Patot+po+koi+se+dvizat+izbezumenite+roditeli Nov+avtomobil+za+lekarite+a+stari+patista+i+baraki Prozorite+izlepeni+so+plakati+Uzivaj+vo+svetlinata+na+zivotot