Илјадници Македонци се преправаат во мајмуни за да дојдат до живеалиште од 230 000 евра

0
1792

Откако се дозна дека новото живеалиште за мајмуните ќе чини околу 230 000 евра и дека ќе биде најсовремено опремено, илјадници граѓани на Македонија почнаа да се преправаат во мајмуни и да чекаат ред пред влезот на Зоолошката градина во Скопје, со што го нарушуваат секојдневието на вработените во скопската ЗОО. Поради големиот метеж, одговорните во Зоолшката градина упатија апел до граѓаните да не наседнуваат на евтини трикови и да не прават мајмуни од себе.

„Последните денови се случува општа хаварија и невиден метеж пред нашиот влез. Понекогаш колоната на луѓе кои се преправаат дека се мајмуни се протега дури до „Партизанска“. Ги замолуваме граѓаните да се смират и да не прават мајмуни од себе. Кафезот и живеалиштата во него веќе се резервирани“ соопштуваат од Зоолошката градина.

Извор: Коза Ностра