Иларион: Откажете се од јогата, или ќе ви дадам анатема

0
1358

Митрополитот Иларион Брегалнички повика сите што вежбаат јога да прекинат, зашто со тоа се одрекуваат од Светата Православна вера. Во спротивно, тој се закани-ќе фрли анатема на сите што практикуваат јога. Православна Црква, по состанокот на Свештениот Синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на „Светскиот ден на јога“ од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни.

ilarion 44

Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“. Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.

Ова го соопшти Митрополитот Брегалнички Иларион, вчера (недела 21.06) на проповедта после Светата Божествена Литургија која се одржа во Лесновскиот Манастир, на која тој чиноначалствуваше. Меѓу другото, тој додаде дека сите, навидум наивни јога вежби за опуштање, кои се наметнуваат на луѓето како ,,модерен” начин за смирување по стресниот ден или на бремените жени за лесен пораѓај и слично, всушност претставуваат одрекување од Светата Православна вера и одрекување од Христа.

И како надлежен Митрополит на Брегалничката Епархија, на сите членови на Едната Света Православна Црква, кои практикувале или практикуваат јога вежби (можеби и од незнаење), да прекинат , да се покајат и исповедаат , а во спротивно, на сите кои несакаат, тој им даде анатема, да не пристапуваат до Чашата се до денот на нивно покајание. А на сите присутни верници на Богослужбата , Митрополитот им зададе послушание да бидата еден вид апостоли и да го пренесат ова на оние кои не биле присутни на Богослужбата тој ден.

Да го споделеме ова, браќа и сестри, за да прочитаат што повеќе луѓе и да не си нанесуваат штета на душите од незнаење, пишува на страната на Фејбук Православие. Неодамна, владата започна со часови по јога за администрацијата.