ИЗГЛЕДА ДОБРО ГО ИСКЕШИРАЛЕ : Миленко два месеца бараше оставка од Груевски, сега го моли да не си оди од лидерската фотеља во партијата?!?!

0
2084

Откако со месеци бараше оставка од Груевски и предлагаше кандидати за лидери на ВМРО ДПМНЕ, сега Миленко се предомисли и го моли Груевски да остане лидер на партијата?!?!

Во најновата колумна на Дудинка, тој пишува:

ВМРО ДПМНЕ е единствениот политички и општествен субјект што Македонскиот народ го препознава како свој анкер. Нешто за што може да се врзе.

ВМРО ДПМНЕ, исто така, е единствениот политички и општествен субјект што може да го мотивира народот, што може да ја брани државата и нацијата, а со тоа и интересите на сите нас.

Затоа е и целиов напад, измислени “нови лидери“ и “групациии“. ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски не сакаат доброволно да одат во куќата на француската пудла Жан Моне, ниту пак сакаат да амнестираат било кого за “Диво насеље“. Времето на попуштање дојде до ниво, кога нема повеќе дупки на каишот за да се стега.

Од тука, морам да признам, нејасно ми е зошто ВМРО ДПМНЕ толку брза со вонредниот конгрес!

ВМРО ДПМНЕ е исклучително грамадна и сериозна партија. Таков и лидер има во моментов. Свикување конгрес набрзинка, не кореспондира со тие карактеристики.

На ВМРО ДПМНЕ во моментов, вака набрзинка, не му треба конгрес каде единствена точка ќе биде оставката на досегашниот и избор на идниот лидер на партијата. Ваквата одлука, во Валандово да се оддржи конгрес на 23-ти, донесе ситуација со лицитирање на кандидати според сопствени желби и промискуитет. Па така, се загушивме на ТВ, ФБ, портали од  “мој кандидат е овој“, “оној е само за лидер“ и слични избори според симпатии или женски чежњи.


Пред само неколку месеци еве што пишуваше Миленко на фб: