ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК може да се употреби само за ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА: Откриени нови 28 гласачи во еден стан на ул. Стале Попов бр. 9 во Центар

0
1197

Избирачкиот список кој е објавен на апликацијата на веб страната на ДИК е резултат на методолошки обработените податоци добиени од службените евиденции на МВР, Управата за водење на матични книги и Основните судови, за државјаните на Република Македонија кои ги исполнуваат законските услови да се стекнат со избирачко право заклучно со 01.12.2015 година.

Истакнуваме дека адресните податоци на граѓаните во Избирачкиот список се запишани како што се водат во евиденцијата за живеалиште на МВР, порачуваат од ДИК и велат уште сите да проверуваат и за себе и за другите.

Нашата случајна проверка на т.н владина или функционерска парламентарна  зграда на ул Стале Попов број 9,  утврдивме дека само во еден стан бр 58 ,има регистрирано 28 гласачи.  Несекојдневно е што токму во оваа зграда освен други  функционери  живее и министерот за внатрешни од владеачката ВМРО ДПМНЕ, односно сега технички заменик министер  Митко  Чавков, пренесува порталот Локално.

strana-2-1 strana-1-1 спп